Фејсбук ќе покажува кој од вашите пријатели споделува лажни вести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук соопшти дека го ажурирала времепловот, со што ја продолжува борбата против лажните вести.

Првичната цел на ажурирањето е да им даде контекст на корисниците за вестите што ги читаат. Но, има и друга скриена цел – да покаже кој од вашите пријатели на социјалната мрежа споделуваат лажни вести.

Обновата, која за првпат беше тестирана лани, им овозможува на корисниците поголем контекст за објавите од медиумите. Со кликање на иконата „i“ до насловот на објавата, на корисникот му се покажува изворот на статијата, како и поврзани статии, но и мапа што покажува каде овој текст бил претходно објавен – и од кој. Ова значи дека ако најдете објава со чија теза или политика не се согласувате, ќе може да видите кои од вашите пријатели веќе ја споделиле.

Сепак, ова не покажува зошто некои ја споделиле објавата со лажните вести. Тоа можеби го направиле за да дадат свој коментар.

Според компанијата, оригиналната идеја дошла од опцијата „поврзани статии“ („Related Articles”) која може да се најде под „news stories“ на времепловот.

Со цел ова да функциинира, авторите на овие статии мора да вметнат авторски тагови на нивната страница.

Ажурираната верзија на Фејсбук засега е достапна само за американските граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This