ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Фондот за здравствено осигурување на Македонија не претпочита комуникација преку медиумите, со своите стратешки партнери, па поради тоа, сакаме да ја информираме јавноста дека во најбрз можен рок е предвидена средба на менаџментот на Фондот со претставници на ЗПГАМ. Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени“ се вели во соопштението од ФЗОМ.

Како што соопштуваат оттаму, матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Репулбика Македонија, со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55,500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Според ФЗОМ матичните гинеколози се важна карика во здравствениот систем бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а водено се во помал број од предвидениот во Република Македонија. Фондот го препознава овој факт и пораи истото континуирано одржува редовни средби со Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија (ЗПГАМ).

„Точно е дека пред два месеци беше последната средба, на која Здружението презентираше неколку барања, пред се од финансиски аспект.  Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред се, во насока на обезбедување на кавлитетна и навремена задравствена заштита, па така и овојпат, партнерски ги разгледува можностите за изедначување на капитациониот бод за матичните гинеколози со другите матични лекари. Но ова предвидува нови финансиски средства“ се додава во соопштението.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This