ФИЛИПЧЕ ВЕТУВА ВАКЦИНИ СО ПОДОБАР КВАЛИТЕТ, ДОКТОРИ ОТКРИВААТ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ИСТИТЕ: Филипче повторно со лаги се обидува да ја смири јавноста?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека трае прогласената епидемија на морбили, министерството за здравство ги чека понудите на тендерот за вакцини за морбили. Доставувањето на понудите завршува на 4-ти февруари или за една недела.

-Зошто досега не беше распишан тендер, прашуваат упатените.

Тие укажуваат дека децата од 2016-та година до денес се вакциниарале со исти вакцини набавени во 2016-та година.

-Досега немаше никаков проблем. Проблемот се појави откако надлежните покажаа слаба способност за менаџирање во ваква ситуација на епидемија. Лошо менаџирање со начинот на вакцинација, со протоколите за безбедност… И затоа наместо санирање на ситуацијата истата само се разгорува, велат наши извори.

Во меѓувреме, освен што надлежните покажаа дека се неспособни да ја менаџираат ситуацијата, истите велат дека сега со новиот тендер кој е во постапка ќе се набават најквалитетните вакцини.

-За каков квалитет зборат надлежните во министерството? Децата се вакцинираат со вакцини набавени во 2016-та година на тој тендер, сега според спецификацијата ќе се набавуваат истите вакцини. Ние како лекари знаеме што е што, знаеме со што ги вакцинираме децата, реагира лекар со дваесет годишно искуство токму во оваа област.

Што се случи откако е прогласена епидемија? Има се  повеќе заболени деца, а и возрасни, заболени деца кои боледуваат од малигни болести, заболени вработени на Детската клиника, ама и негувателки од градинките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This