April 18, 2024, 11:04 am

Филипче ги извиcи гpaѓaнитe: Beтeната терапија зa Koвид-19 нe пpиcтигнa вo Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните останаа без долгонајавуваниот лек што го ветуваше министерот за здравство, Венко Филипче дека ќе пристигне во текот на месецот април.

Имено поминаа три недели од најавениот термин од страна на министерот за здравство Венко Филипче за пристигање на специфичното антитело што е наменето специјално за лекување пациенти со КОВИД-19. Министерот за здравство Венко Филипче уште на први април во изјава за медиуми посочи дека лекот против КОВИД-19 ќе пристигне за 15-тина дена, а станува збор за антитело кое делува против КОВИД-19 поради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот.

„За оваа болест за жал сè уште нема терапија освен една што за период од околу две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело што е наменето специјално за оваа болест заради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на први април.

За ова прашање исто така порталот Плусинфо има побарано од министерство за здравство одговор зошто лекот се уште го нема, од министерството посочиле дека набавката е во тек.

„За коктел терапијата, набавката е во тек. Постапката оди преку Светска Банка“, одговорија од министерството за здравство на порталот Плусинфо, но не објасниле зошто доцни пратката.

И додека лекот се уште не е пристигнат во државата, смртноста од КОВИД-19 не се намалува се уште деновиве смртноста се движи околу 30-40 починати лица.

За состојбата со КОВИД-19 во државата одговорност секој ден бара опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако од власта не трчаа по провизии и вакцинацијата почнеше уште во месец јануари, наместо 5 месеци покасно барем 500 животи на наши сограѓани ќе беа спасени со подобра здравствена организација“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при посета на Свети Николе.

Милошоски додаде дека како резултат на трчањето по провизии од страна на министерот и лошиот менаџмент Македонија за жал се наоѓа на високото трето или четврто место по бројот на смртност по глава на жител на милион жители во Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This