ФИЛИПЧЕ ГИ ИСУШИ ГРАЃАНИТЕ-И БЕЗ ЗДРАВЈЕ И БЕЗ ПАРИ: Пациентите кои ќе се јават на Клиниката без упат од матичен лекар или дежурна служба прегледот ќе ги чини 700 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако итно треба да одите на лекар во Клиниката за уво, нос и грло мора да одите прво на матичен по упат. Или пациентите кои ќе се јават на Клиниката без упат од матичен лекар или дежурна служба прегледот ќе ги чини 700 денари. Пациентите со уреден упат ќе плаќаат партиципација од 70 денари.

Ова е наредба од министерството за здравство истакната на влезот на клиниката. На истата е и напишано „доколку не се почитува наредбата лекарот ја плаќа сметката на пациетот или одговара за истото.“

Министерот за здравство Венко Филипче треба да даде одговори како на пациентите, така и на лекарите? Проблем имаат и едните и другите. Пациентите ако мора да одат на Клиниката, а докторите ќе треба да плаќаат од нивниот џеб доколку пациентот нема 700 денари.

Наредбата од министерството за здравство отвора многу дилеми. Која е основата за оваа наредба од министерството, дали важи само за Клиниката за уво, нос и грло…Што е најважно што со пациентите кои итно треба да одат на Клиниката, а не се во можност да земат упат? Што е со ветувањето на оваа влада дека ќе има бесплатно болничко лекување?

Наместо соодветна здравствена услуга за граѓаните, наместо бесплатно болничко лекување, праксата покажува сосема спротивни работи.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This