April 25, 2024, 12:41 am

ФИЛИПЧЕ ГИ ЛАЖЕЛ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Им ветил средства за специјализацијата, не им ги исплаќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата Отворено студио на Алфа Телевизија во која беше поканет и министерот за Здравство Венко Филипче, кој не дојде, гостуваа лекари специјализанти, кои говореа за сликата во здравството и неплаќањето на нивниот труд. Иако добиле ветувања од министерот за здравство и од премиерот Зоран Заев се уште не добиле никакви средства за својата специјализација.

Подолг период им било ветено дека ќе им се исплати мартовската плата во април, а досега не им била исплатена ниту една плата.

Поради неостварените ветувања за надомест при специјализација од страна на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче специјализантите размислуваат за достоинствен живот надвор од нашата земја. Сепецијализантката Александра Ѓорѓиева објаснува дека низ овие последни месеци интензивно размислува за напуштање на нашата земја и барање работа и специјализирање во странство.

Специјализантката Елмедина Асани вели дека немаат примања и дека се приморани да се издржуваат од своите родители и да бараат средства од дома за да купат книги или за фотокопирање.

Специјализантите барат да им се овозможат услови во кои тие ќе бидат платени за својот труд. Според Асани дел од нејзините колеги токму поради фактот што не добиваат никакви примања биле приморани да дадат отказ и да ја напуштат групата, бидејќи имаат деца кои треба да ги издржуваат. Таа посочи пример во кој некои од специјализантите биле примора преку ден да специјализираат а навечер да разнесуваат пица. Со ова се деградира лекарската професија и нивното достоинство, вели Асани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This