Филипче ги посети повредените, дел од нив раскажуваат за уж асот низ кој поминале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче, во живо од Лесковац за изјави дека штотуку го завршил состанокот со директорот на болницата во Лесковац, Небојша Димитријевиќ, кој детално го информирал за состојбата на повред ените македонски државјани.

Филипче потсети дека во болницата во Лесковац моментално се сместени 8 пациенти и ниеден од нив не е во жив отна опа сност. Сепак, остануваат на опсервација додека не се подготвени за транспорт – шестмина од нив веројатно уште 2 или 3 дена, а останите од 5 дена до една недела поради посериозни пов реди.

Директорот на лесковачката болница, Небојша Димитријевиќ, во изјава за 1ТВ информира дека според последните информации, пациентите што се во неговата болница не се во жив отна опа сност, но остануваат на опсервација. Тој најави дека нивната состојба ја следат хирурзи, ортопед и анестезиолог, како и дека дел од нив ќе бидат оперирани доколку не престане крва рењето. Според Димитријевиќ, дел од пациентите што се во болницата во Лесковац, можеби веќе утре или задутре ќе бидат пратени во болница во Скопје, а другите сепак ќе останат на опсервација, но веројатно уште 5 дена.

Според сведоштвата на дел од полесно повред ените, глетката била стр ашна. Речиси сите спиеле и многу малку виделе.

Една жена раскажува дека некој ѝ помогнал, но и тој бил повр еден, со скр шени ребра, а сега бил ш иен на повеќе места. Друг повр еден пред камерата на 1ТВ изјави дека спиел во моментите пред несреќата.

-Автобусот почан да оди од лево на десно и се излизга. Наеднаш се превртел и излетал. Што можевме помогнавме. Додека ра ните беа топли и тазе, не чувствувавме бол ка, но набрзо почнаа болк ите. Многу луѓе беа пов редени, вели еден од повр едените.

-Бев како во ко ма, шо кирана. Кога дојдов во болница, ми течеше к рв од носот, главата ме боли. Имаше многу луѓе потиснати и внатре и надвор. И под столици и под автобусот. Беше стра шно, се потсетува една жена што исто така е полесно пов редена.

-Што можевме помогнавме. Речиси на ништо не се сеќавам. Имаше едно бебе и едно дете, но колку што знам и двете се добри, раскажува еден млад човек кој се потсетува дека се обидел да им помогне на сопатниците во автобусот.

Пред камерата на 1ТВ, во гостувањето во Дневникот во 20 часот, министерот Филипче информира и дека посерио зно повре дените шестмина се во Нишката болница, а најави дека ќе ги посети и нив и дека во болницата ќе се сретне со директорот.

14 луѓе се сместени во хотел, бидејќи се полесно повредени и веќе се подготвени за транспорт.

Министерот Филипче им се заблагодари на на директорот на болницата во Лесковац и на градоначалникот.

-Реагирале многу професионално и тоа во многу теш ки услови – со кал, снег, многу ниски температури, рече Филипче за 1ТВ.

Министерот за здравство не сакаше да зборува за причините за несре ќата, бидејќи како што кажа, во Лесковац дошол за да ја провери состојбата на повредените македонски државјани.

Инаку, претходно, беше i Драги Рашковски, генералниот секретар на македонската влада. Тој зборуваше од пред хотелот каде што се сместени патниците што биле полесно повре дени.

-Биле вкупно 14, но некои веќе заминале дома, па сега се тука 10 луѓе. Веќе се организира нивни превоз. Некои се враќаат дома во Македонија, а некои одлучија дека ќе го продолжат патот за Виена, изјави Рашковски.

Тој се сретнал со повредените што се сместени во хотел и изјави дека најпотребна им била здравствена заштита и основни средства за хигиена.

-Сите имаат повр еди во горниот дел од телото. Не се сеќаваат на несре ќата затоа што спиеле. Што се случило, памтат само еден или двајца, но не сакам да шпекулираме, изјави Рашковски.

Според информациите од него, утре ќе има официјално соопштение од српско Министерство за внатрешни работи, од каде имаат своја верзија за несре ќата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This