Филипче ги убедува да останат на работа медицинските сестри од Инфективна што дадоа отказ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал средба со трите медицински сестри од Инфективна клиника кои поднесоа барање за отказ. Тој вели дека откако тие ќе го искористат својот законски одмор повторно ќе разговараат за нивно враќање на Инфективната клиника.

Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со ковид на Инфективната клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници, напиша Филипче на Фејсбук.

Барањата за отказ на главната медицинска сестра од Инфективната клиника Зорица Љубичиќ Митиќ заедно со своите две колешки Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа синиќа беа објавени на социјалните мрежи, по што следуваше бурна реакција од јавноста. Јавноста дополнително реагира бидејќи нивните откази се случуваат во време на пандемија, кога секој еден од здравствените работници е неизмерно важен.

Најголемо внимание привлече појаснувањето на медицинската сестра Љубичиќ Митиќ која во барањето образложува дека за отказот после 28 години работа на Инфективната клиника би наброила повеќе причини, но таа решила да наведе само една – „непочитување и деградирање на прифлот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This