March 29, 2024, 12:17 pm

Филипче: Голем удел во бројот на новозapaзени имаат патниците од странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително.
– Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче во изјава за телевизија „Телма“ и затоа смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат.
Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.
– Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, вели министерот Филипче.
Вирусот во изминатата година е виновен за илјадници смртни случаи насекаде па и кај нас и министерот е со став дека смртноста е еднаква насекаде во регионот.
Во болниците се спроведуваат сите протоколи на лекување, уверува за „Телма“ министерот и дополни дека здравствениот систем и во моментов е подготвен да одговори на евентуален нов бран на зараза

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This