Филипче за заразените доктори: Oгромен процент се заразени по контакт со колеги или надвор од работното место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека оргомен процент од медицинскиот персонал е заразен надвор од работните места или од контакти помеѓу вработените на работното место.

Тој додава дека за тоа доказ е Инфективната клиника каде се лечат најмногу пациенти, во моментов стотина, а од вчера се примаат пациенти и во монтажната болница.

Тука има посебен тим лекари и медицински сестри и практично нема заразен лекар, а тоа се лекари и сестри кои работат од самиот почеток со пациентите болни од Ковид-19. Значи со доследно придржување до употреба на заштитните материјали апсолутно секој може да се заштити, посочи Филипче.

Претходно и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски обвини дека медицинските лица заболуваат од коронавирус бидејќи не знаат да ја користат заштитната опрема и прават пауза за цигари и ја користат истата опрема.

Караџовски: Медицинските лица не знаат да ја користат заштитната опрема, прават пауза за цигара и потоа работат со пациенти

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This