ФИЛИПЧЕ ИЗГУБЕН ВО АЛГОРИТМИТЕ: Според него епидемијата стивнувала

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Епидемијата стивнува, во мирна фаза сме, имаме слободни кревети и респираторни машини, ги знаеме контактите, немаме изнедувања и можам да кажам дека ситуацијата е под контрола, изјави Филипче во отвореното студио на ТВ 24.

Тој изјави дека новите случаи се од непочитување на мерките, односно дека мора да се носат маските и да се почитува дистанцата.

Кластерите се познати. Имаме луѓе што доаѓаат во болницата во Струга со белодробен наод кој одговара на Ковид-19, а кои присуствувале на литијата во градот пред некоја недела. Имаме докажани случаи од семејни настани по десетина луѓе, посочи Филипче.

На прашањето ако се е направено навреме во контекст на корона кризата зошто Хрватска и Словенија се во подобра ситуација, веќе и без починати, без нов број на заболени, Филипче со одговор: „Не би рекол дека е така, оваа пандемија нема да заврши и во земјите кои имаа мал број на заразени приказната нема тука да заврши. Еве во Кина има и втор пик. Тоа ни потврдува дека стратегијата што ја поставивме е соодветна. А оваа ситуација сега со вчера 40 заболени, денес околу 20 целосно ја очекувавме“.

Колку за илустрација четиримилионска Хрватска има 99 починати, а двомилионска Македонија има 112 починати и секој ден по повеќе заболени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This