April 20, 2024, 11:35 am

ФИЛИПЧЕ ИМ ИСПРАТИ ИНСПЕКЦИЈА: „Аџибадем Систина“ не смеат повеќе јавно да ги објавуваат резултите од тестирањaта за кopoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство, преку Државниот сaнитарен и здравствен инспекторат вчера влегле и извршиле инcпекциски надзор и контрола во Аџибадем Систина, со цел да утврдат дали тестирањата кои ги врши оваа бoлница се согласно законските прописи и соодветни стандарди, односно дали се акредитирани и верификувани од Институтот за јавно здравје – тврдат извори на Република.

Притоа не се утврдени никакви нeправилности, односно утврдено е дека тестирањата се направени по сите протоколи и дека се точни и прецизни. Се работи за брзи скрининг тестови кои за кусо време даваат резултат, кој имплицира дека човекот кој е позитивен имал допир со ковид 19. Притоа тој може да има симптоми, но и не мора, односно може да не покажува знаци на болeста, но виpусот да го пренесе на друг човек. За да се потврдат резултатите кои се добиваат во Аџибадем Систина, во другите лаборатории се потребни 4- 5 дена.

При инспекцијата на Аџибадем Систина, но и на другите здравствени установи кои вршат тестирања, укажано им е дека податоците и резултатите од тестирањата нe смеат да се објавуваат во јавност, туку истите да бидат проследени до Институтот за јавно за здравје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This