April 26, 2024, 11:02 am

Филипче, кого лaжeте?: Дали сфаќате дека сте директен соучесник кон cмрттa на еден куп луѓе нeгирајќи го фактот дека здравствениот систем е во тотален xaос и koлапс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битолчанката Евгенија Здравевска на социјалните мрежи ја сподели голготата во здравствениот сиситем низ која поминала откако се заразила со ковид-19. Здравевска десет дена со симптоми чекала тестирање за ковид -19, бидејќи немало слободни термини, ниту пак, како што пишува таа, тестови. Дополнително, дури 4-5 дена по позитивниот тест добила решение за изолација, а и по поминати 20 дена сѐ уште не ја исконтактирал епидемиолог.

Здравевска живее со мајка и, која пак е здравствен работник, но нема решение за изолација со која би го оправдала своето отсуство од работа. Мајка и, до сега некако го оправдувала своето отсуство, но од утре треба да се врати на работа, а одговор од надлежните институции нема. Таа, откако не добила ниту еден епидемиолог на телефонските броеви кои и биле дадени, решение за проблемот побара во порака до бројот од кој го добила нејзиното решение за изолација.

Здравевска го повика Филипче да ја види состојбата во битолската болница, каде, по нејзино кажување, помодрени луѓе кои се гушат, со високи температури, не тестирани кои ги враќаат од шалтер зошто не им е тука местото или пак со последните здивови се приморани да чекаат редици од 50 луѓе пред нив.

„Венко Филипче што е под контрола? Дали знаете во каква состојба е болницата во Битола?Ако не знаете, ќе ви испратам видеа и фотографии, кои ги направив изминатиов период кога морав да ги поминувам тие ходници“, го прашува Здравевска премиерот.

Таа исто така укажа дека лекарите и сестрите се при крај со силите, дека едвај стојат на нозе, зошто по цело дежурство се по еден и од навала на пациенти не стигаат вода да се напијат, а во ходниците им умираат луѓе

„И за тоа не е крив народот драг мој Венко, крив е системот врз кој очигледно веќе НЕМАТЕ АПСОЛУТНО НИКАКВА КОНТРОЛА. Лицемерно и безобразно е да кажете било што друго“, пишува таа.

Здравевска го прашува премиерот дали воопшто зае колку позитивни луѓе се на работа денес бидејќи нема како да си го оправдаат отсуството, и колку луѓе умираат дома чекајќи да бидат тестирани.

„Дали знаете колку позитивни луѓе се на работа денес, од што нема како да правдаат отсуство? Дали знаете колку луѓе умираат дома, со пнеумонии и во агонија чекајќи да се тестираат?“

Каков третман/заштита од вас/државата добиваат оние кои ви се на прва борбена линија – здравствените работници? Дали сфаќате дека сте директен соучесник кон смртта на еден куп луѓе кои ги газат овие ходници, негирајќи го фактот дека здравствениот систем е во тотален хаос и колапс? Кого лажете? Дали сте при здрава свест и разум?, прашува Здравевска

Еве само да знаете дека НИШТО НЕ Е ПОД КОНТРОЛА и да видите ЗОШТО има пандемија. Со симптоми седев дома и чекав да се…

Posted by Evgenija Zdravevska on Thursday, December 3, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This