ФИЛИПЧЕ МИНИСТЕР, ПАНОВСКИ ПОВТОРНО НА СЦЕНА СО КРИМИНАЛ:Финансиска полиција во Клиниките, се испитува лек од веледрогеријата „Пановски“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финансиската полиција пред неколку недели влегла на скопската Клиника за ревматологија, за да ја испитаат последн сата набавка на лекот Мабтера, кој наводно е донесен преку паралелен увоз.

Лекот бил набавен од веледрогерија „Пановски“, а финансиската полиција добила дојава од пациент. Според нашите информации, на клиниката биле три инспекторки кои направиле увид во целата документација, проверувале како се чуваат лековите, направиле записник, но и разговарале со директорот на клиниката доктор Филип Гучев.

Првиот човек на клиниката  потврди дека пред неколку недели финансиска полиција била кај нив на клиниката.

„Точно е дека финансиска полиција беше на клиниката и ја испитуваа последната набавка на лекот „мабтера“. Инспекторките разговараа и со мене, на секое нивно прашање одговорив. Ние имаме сертификат за квалитетот на лекот, кој е набавен од веледрогерија „Пановски“. Јас побарав од фирмата да се изјаснат за набавката на лекот, но се уште немам добиено ништо повратно од таму-тврди доктор Гучев.

Од Финансиската полиција велат дека во изминатите денови влегле на неколку клиники за проверки во однос на паралелен увоз на лекови.

Отаму наведуваат дека ќе изнесат дополнителни детали доколку се потврдат соменавањата што се предмет на истрагата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This