Филипче најави отворање на границите на земјите од регионот без ПЦР тестови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во регионот разговараат во еден момент да ги отворорат границите со изедначена политика во однос на ПЦР тестовите. Идејата е да се отворат границите без тие тестови, истакна Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали македонските граѓани ќе можат да излезат од границите во регионот.

„Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција, ќе заземеме заеднички став“, рече Филипче.

Македонија отворена за сите, Македонците можат само кај дел од соседите

Во врска со синоќешниот културен настан „Бела ноќ“ посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, односно гостите седеле согласно порепораките и столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор. Токму затоа најави можно воведување на целосна забрана за настани, доколку ваквата пракса на непочитување на мерките продолжи и во иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This