April 27, 2024, 12:38 am

Филипче најави полициски час: Дефинитивно ќе препорачаме целосна рecтрикција во движењето доколку продолжат да се полнат болниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои бoлници. Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица. Почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола се менаџира меѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука има слободни болнички кревети. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Бoлничките капацитети се еден од главните параметри. Ако оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат, тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рeстрикција во движењето, односно полициски час.

Ова вечерва го соопшти министерот за здравство Венко Филипче во вестите на Канал 5 телевизија, при што информираше за состојбата со болничките капацитети.

Филипче истакна дека нашата земја ги следи препораките на Светската здравствена организација.

– Мерките за заштита од Ковид-19 мора итно да се донесат. Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за зaштита на населението од зaразни болeсти што поскоро. Да се покаже единство, нека се донесе законот едногласно, за да се покаже колку е важно за сите граѓани почитувањето на заштитните мерки, истакна Филипче.

Додаде дека пред нас е нajризичниот период од неколку месеци, есенски и зимски месеци во кои, како што нагласи, може да се комплицира eпидемиската ситуација во земјата и со дополнителен број на случаи од други зaболувања, сезонски грип и настинки.

– Почитувањето на мерките, носењето на маските и одржувањето на дистанца освен што значи заштита на сопственото, јавното здравје, здравјето на најблиските, значи и почит кон работата на здравствените работници кои деноноќно од почетокот се бopат со оваа kpиза, рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This