April 19, 2024, 11:18 am

ФИЛИПЧЕ НЕ ЗНАЕ ШТО ЗБОРУВА: На недобиеното покачување на платите на медицинските сестри им вети ново покачување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медицинските сестри се уште го чекаат ветеното покачување на платата. Министерот за за здравство Венко Филипче наместо да објасни зошто не им е исплатено, излезе со ново ветување. Вели дека уште повеќе ќе им ги покачи платите во 2019.

Фокус на новиот буџет, од Министерството за здравство одлучија да биде инфраструктурата, како и набавката на инсулин. За тоа се одвоени и намногу пари.

За изградбата на новите Клинички центри во Скопје и Штип, Филипче ќе одвои 9 милиони евра. Првиот човек на здравството призна дека Брзата помош е во лоша состојба. Фали кадар, но и возила. Не кажува колку пари ќе потроши неговото министерство за подобрување на таа служба.

Новиот предлог-буџет на Министерството за здравство е 102 милиони евра.

Отсуството на лекарска помош во руралните средини Филипче ќе го надокнадува со зголемен ангажман на домашната посета. Сепак, за изградба на амбуланти во селата ќе даде скромни 48 илјади евра.

Новиот предлог-буџетот на Министерството за здравство предизвика реакции кај здравствената фела, но и кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Медицинските сестри не се задоволни со 5% покачување и следната недела ќе преговараат за да добијат поголем дел од колачот. Во спротивно ќе се радикализираат и ќе ги ограничат нивните интервенции на работа.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, обвинуваат дека Филипче само ветува и ништо не остварува:

„Граѓаните се лишени од правото да се лечат во модерни здравствени центри. Нема бесплатно болничко лекување за сите. Филипче предлог буџетот за 2019 година го направи како свој список на желби.“

Со таканаречените социјалните реформи околу 72.000 лица корисници на здравствени услуги ќе бидат ослободени од партиципација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This