Филипче од Новаци: СДСМ гради силна економија, инвестираме во сите општини рамномерно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На два дена пред завршување на кампањата „Најдоброто за мојата општина“, потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче оствари средба со жителите на Општина Новаци.

На средбата се зборуваше за позитивните политики и тесната соработка на Владата како централна власт и општините како дел од локалната самоуправа.

„Владата на Република Македонија со своето секојдневно работење стои на располагање на секоја општина во земјава. Не правиме поделби на мали и големи општини, зашто нашиот концепт уште од почетокот беше јасен и прецизен: живот за секој еден во земјава“, рече Филипче.

Во обраќањето, потпретседателот на СДСМ, ги напомена заложбите на власта за стабилна, одржлива и здрава економска клима во земјава.

„За мене патриотизам е иднината за младите овде во земјава, тоа е унапредениот образовен систем, тоа е достапноста и квалитетот на здравствените услуги, тоа е здравата и силна економија како столб на државата, тоа сме сите ние како целина.

Тој начин на работење ќе продолжи и понатаму. Сите заедно ќе ја градиме и зацврстуваме државноста на Македонија. Сите заедно ѝ должиме на земјата сигурност и стабилност.

Ние ја создаваме и одржуваме економијата која ќе донесе повеќе пари, повеќе работни места во секоја општина за секој граѓанин. Стратешка цел на СДСМ е градење и работење за силен и независен економски систем“, заврши Филипче.

Тој пред собраниот народ во Новаци ја побара поддршката и довербата за втор мандат на актуелниот градоначалник на општината, Љубе Кузманоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This