Филипче: Околу 9 проценти од cмpтните случаи се вакцинирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните. Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптеретени со невакцинирани пациенти, нагласи миинистерот за здравство Венко Филипче денеска во Бутел, каде изврши увид на градежните работи на новата амбуланта.
Тој истакна дека не можат да претпостават како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата во светот.
– Веројатно дека ќе има нови и нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. И тоа е начин ние да ги вратиме животите во нормала. За жал, гледаме дека имаме граѓани коишто се уште се невакцинирани. Апелирам да се вакцинираат, тоа е начинот и да се заштити здравјето, а ние да го штитиме системот од понатамошни бранови и оптеретувања, рече Филипче.
Министерот, на новинарско прашање околу смртноста на млади лица, рече дека тоа е нашто на што посебно обрнуваат внимание, но, како што рече, за жал, се невакцинирани лица.
– Секојдневно имаме состанок со сите раководители на институции каде што се лечат најтешките пациенти, на Инфективната клиника, на интерните клиники, на Институтот за ТБЦ и во Козле. За жал, се невакцинирани луѓе. За жал генерално многу касно доаѓаат пациентите и тоа го констатиравме неколку пати наназад, рече Филипче.
Министерот посочи дека е добро што во моментов има стагнација во болниците.
– Добро е што во овој момент има некаква стагнација, не се полнат веќе болниците со таа динамика како што беше досега. Во изминатите два дена има малте не еднаков број на прием во болниците. Нема потреба да се активираат дополнителни одделенија на интерните клиники иако се спремни. На три одделенија сега се сместени тука пациенти, три се на стендбај, посочи Филипче.
Тој информираше дека во државата заклучно со вчерашниот ден се вакцинирани вкупно со прва доза околу 740 илјади граѓани. Јас верувам, како што рече, дека и со овој тренд ако продолжи тоа ќе биде добро. Вкупниот процент на вакцинирани со една доза на граѓани над 40 години е 53 проценти, вкупниот некаде околу 37 проценти, што значи помал е опфатот на помладите граѓани.
Околу протоколите за лекување, Филипче посочи дека за сите болници има протокол што неколку патии е ревидиран согласно сознанијата, но за потешките случаи се разговара на координативните состаноци.
– Ние точно знаеме како се лекуваат сите пациенти. Се лекуваат по соодветниот протокол со најмодерните лекови. Немаме недостаток на ниту еден лек. Ние сме единствена земја во регионот која што го има и антителото од оригиналниот производител кое го добивме благодарение на Светска банка. Најголем број од пациентите во болниците и тоа е проблемот се невакцинирани. Околу 9 проценти од смртните случаи се вакцинирани, меѓутоа тоа се пациенти коишто навистина имаат тешка состојба, имаат сериозни коморбидитети и иако лекувани по сите тие стандарди за жал не може да се помогне, наведе Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This