April 24, 2024, 10:22 am

Филипче „пишман аџија“ сега ќе бара српски вакцини од Торлак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако вчера рече дека Македонија има обезбедено доволно – 2,6 милиони – вакцини, и дека нема потреба од нарачка за вакцини „спутник v“ кои ќе се произведуваат во Србија, министерот Венко Филипче денеска со нова изјава.

Тој најави дека во вторник со претставници од Министерството за здравство ќе одат во официјална посета на Белград каде ќе се сретнат со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ.

Македонските власти нема да нарачуваат вакцини од српскиот Институт „Торлак“ кој почна со производство на вакцината „Спутник В“ изјави вчера тој. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека засега нема потреба од нови нарачки, бидејќи имало обезбедено доволно количини. „Торлак“ е единствената фабрика за фармација во регионот која што има можности за стерилно производство, објасни Филипче, кој додаде дека имал состанок со директорката на институтот, каде било посочено дека приоритет ќе бидат граѓаните во Србија , но дека има можноста за соработка и со земјите од регионот.

„Нас во овој момент не ни треба ниту една нарачка повеќе затоа што по планот како што е димензиониран сите договори, ние имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини.“ рече министерот за здравство Венко Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This