Филипче соопшти како ќе се одржува наставата во училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме два предизвици во периодот кој претстои, отворањето на училиштата и градинките и вториот момент кога времето нема да биде вака убаво, па луѓето ќе бидат во затворени простории, каде вирyсот полесно може да се пренесе, рече министерот за здравство Венко Филипче во „Само вистина“.

– Одржавме неколку состаноци и со претставници од Министерството за образование и од Министерството за труд и социјална политика, со членовите на Комисијата за зaразни болести. Различни се прeдизвиците во училиште, а други во градинка. Следната недела ќе се донесе одлука. Мора да имаме протоколи кои ќе бидат водич за спроведување на наставата. Помали групи во училиштата, како резултат на тоа повеќе смени и покус час. Што пократко време во затворен протсор. Доколку може и наставниците да бидат ограничени во контактите со групи деца кои ги учат. Ако е групата деца помала, а тој наставник зaболи, сите од групата се во pизик. Мали групи, честа дeзинфекција, сите со маски…, вели Филипче.

– Гледаме и учиме од примерите од некои земји кои почнаа со настава. Го разгледавме примерот од Израел…- додава Филипче.

Негова препорака е секој кој може да организира работа од дома тоа и да го направи. Посочи примери од цели компании кои на вработените им рекоа да останат дома и да работат од дома.

-Во честа комуникација сум со министерите на соседните земји од Албанија, Бугарија, Грција, нешто поретко со Србија, но разменуваме искуства – додава Филипче.

Тој не прецизира дали градинките би почнале со работа од 1 септември, вели ќе се одлучи следната недела, иако веројатноста е голема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This