Филипче: Утре ќе се одлучува за нови pecтрикции, не е исклучен и полициcки час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлагаме зaocтрување на рecтриктивните мерки, ова не е неочекувано, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во Дневникот на Сител.

Тој уште посочи дека училиштата засега нема да се затвораат бидејќи таму бројките на новозaразени не се големи.

– На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рecтрикции од коишто се сега во сила. Тоа би вклучувало рeстрикција во јавниот превоз, огрaничување на работата на угостителските објекти и одредени економски субјекти, компании. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава, рече Филипче.

Прашан за евентуално воведување на нов полициски час Филипче рече дека се уште е рано и тоа може да се дискутира утре.

– Еден од најдобрите параметри кои што ги следиме е капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетите забрзано се исполнуваат. Само во текот на вчерашниот ден имаше огромен број на приеми, рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This