Филипче: Ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека земјава освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, стапила и во директна комуникација со „Фајзер“ и „Астра Зенека“ за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

– Оваа недела очекуваме одговор и од Астра Зенека што ќе значи дека преку овој механизам со директна комуникација со компаниите производители ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини. Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ – рече Филипче.

Што се однесува пак до Ковакс ситемот тој овозможува еднаков пристап до вакцините, на сите земји кои аплицирале во тој систем, што значи дека во исто време првите количини вакцини ќе бидат еднакво дистрибуирани во соодветен процент според населението до сите земји кои аплицирале.

Министерот го објасни и процесот на вакцинација, кој рече дека ќе е многу комплексен, но затоа се пристапило доста сериозно, анализирани се сите аспекти на вакцинацијата, а веќе течат активности за успешен процес на имунизација. Формирано е специјално координативно тело кое ги анализира сите аспекти на вакцинацијата – прием, чување, дистрибуција и практичната апликација на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This