Филипче: Bo oбpaзoвaниeто дoceгa ce вakциниpaни oкoлy 58% од вpaбoтените и 60% вo гpaдинкитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше гостин во вестите на Канал 5 телевизија каде истакна дека бројот на случаи расте и дека најмногу активни случаи во земјата во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, но дека состојбата засега е сеуште стабилна.  

„Состојбата во земјава е стабилна нема драстично зголемен број на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во болниците. Вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, но голем е интересот и за теренска вакцинација која е во фокус целиот овој период. Досега се вакцинирани околу 510.000 граѓани а од нив 380.000 се веќе ревакцинирани. Процентуално 63% од населението над 70 години е вакцинирано, во секторот образование досега се вакцинирани околу 58% од вработените и околу 60% во градинките. Се надеваме дека до крајот на летото ќе имаме уште поголем процент на вакцинирани во воспитно – образовниот кадар како би можеле децата од септември да се вратат на училиште” – изјави Филипче. 

Министерот истакна дека секој вакциниран граѓанин придонесува до создавање на колективен имунитет и тоа не носи чекор поблиску до враќање на животот во нормала. Тој вели дека во зависност од епидемиолошката слика можно е да се воведат повторно рестрикции од есен или порано доколку тоа го налага состојбата. 

„Не знаеме со сигурност како ќе се одвива кризата, доколку има нов бран наесен размислуваме да воведеме нови ограничувања, влез во затворени простории ќе биде со задолжителен сертификат за вакцинација” – изјави министерот Филипче во вестите на Канал 5.   

Министерството за здравство сака да ја подигне свеста за вредноста на имунизацијата, и во иднина ќе продолжи  посветено да работи на подигање на свеста за важноста на вакцината, а од средината на август започнува владината кампања. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This