Филипче ce фaли пpeкy мeдиyми дeкa ги вakциниpaл cитe здpaвcтвeни paботници, нo виcтинcкaтa бpojкa ce движи oкoлy 8.000

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче не пропушти можност ниту во последното интервју за Канал 5 телевизија, пак да се пофали дека Македонија е меѓу првите земји каде што се вакцинирани сите здравствени работници.

Ова го има посочено неколку пати, како што беше и на последното интервју дадено за Македонска радио телевизија.

„Ние пред неколку недели ја добивме првата количина на вакцини со трипартитен договор помеѓу нас, Србија и компанија „Фајзер“ стигнаа 8.000 вакцини за кои направивме еден сосема солиден план, а тоа е да се покријат буквално сите здравствени работници кои се на првата линија и имаат најголем ризик да бидат заболени од КОВИД- 19. Во нашата земја на крајот од викендов ќе имаме околу 4.000 вакцинирани здравствени работници, а од 11-ти март започнува и ревакцинацијата на здравствените работници кои ја примија првата доза на вакцината“, рече министерот за здравство Венко Филипче во интервју за МРТВ.

Но, очигледно поради голем број на лаги кои ги има кажано, министерот за здравство Венко Филипче заборави дека на почетокот на неделата пратил соопштение од Министерство за здравство дека се извакцинирани 7.009 здравствени работници.

Но, вистинската бројка на сите здравствени работници и соработници според ФЗО се движи околу 18-19.000.

Министерот за здравство не успеа уште едно ветување да исполни, дека Македонија ќе стане прва земја во регионот што ќе ги вакцинира здравствените работници кои се во прва линија на браникот од КОВИД-19 тапка во место. Бројката на вакцинирани здравствени работници сега за сега изнесува околу 8.000. Процесот на вакцинација на здравствени работници оди доста бавно од очекуваното.

Извор: kurir.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This