ФИЛМ НА КОИ РАБОТЕЛА МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА НОМИНИРАН ЗА ОСКАР: ФХ3Х работеле на ,,Avengers: Infinity wars”!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Оскарот за визуелни ефекти ќе го добие Танос? Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти „Одмаздници:Војна на бесконечноста„ кој доби номинација за Оскар, официјалната церемонија на доделувањето е на 24ти февруари

Номинациите за 91то доделување на Оскарите беа објавени денес, на 22ри Јануари во 15:20 часот во Семјуел Голдвин театарот во Лос Анѓелес, од страна на Трејси Елис Рос и Кумал Нанџани. Номинираните филмови за најдобри визуелни ефекти во изминатата година се:„Кристофер Робин„ „Одмаздници: Војна на бесконечноста„, „Првиот човек„, „Спремен Играч број Еден„, „Соло:Приказна за Војна на ѕвездите„. ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на „Одмаздници: Војна на бесконечноста„.

ФХ3Х во 2018 година

ФХ3Х 2018 година ја започна со реализирана цел која беше една декада зацртана во портфолиото на компанијата: „Star Wars: The Last Jedi”со што конечно се исполни стремежот да се работи на една од најпознатите франшизи во филмската индустрија, особено кога се визуелните ефекти во прашање. Во текот на 2018 година беа реализирани 20 проекти, од кои 16 во филмска и 4 во телевизиска продукција. Во првата спаѓаат: „Црниот Пантер„, „Томб Рајдер„, „Одмаздници: Војна на бесконечноста„, „Дедпул 2„,„Јурасик Светот:Паднатото кралство„, „Еквилајзер2„, „Шпионот кој ме откачи„,„ Мег„, „Невозможна мисија: Пребројување„, „Предатор„, „Венум„, „22рата милја„, „Крид2„, „Аквамен„ и „Мери Попинс се враќа„.

Проектите во телевизиската продукција беа филмовите: „Кутија за птици„ и „Кралот Одметник„, „Ураган„ и сериите „Стар трек дискавери„ и „Игра на тронови„

ФХ3Х од почетокот до денес

Со една ретроспектива дојдовме до следниве информации:

1.ФХ3Х има досега реализирано 135 проекти од кои 120 филмски и 15 ТВ

2. Од филмовите на кои имаме работено 18 биле номинирани за Оскар

3. Од телевизиските проекти 4 биле со соодветни телевизиски номинации или награди

Награди за филмови

Филмови на кои ФХ3Х беше дел а кои добија Оскари: „Златниот компас„ 2008 година, „Животот на ПИ„ – 2013 година, „Ранго„ – Оскар за анимација во 2012 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This