Финалето помеѓу Ривер и Бока би можело да се одигра на друг континент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реванш финалниот натпреварот од Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс требаше да се одигра синоќа на „Ел Монументал“, но беше одложено за вечерва поради дивеењето на навивачите на домашниот тим кои го нападнаа тимскиот автобус на гостите.

Челниците на КОНМЕБОЛ решија натпреварот да не се одигра ниту денеска, поради инцидентите и дивеењето на навивачите на Ривер во текот на вчерашниот ден низ улиците на Буенос Аирес. Натпреварот е од висок ризик, па челниците на јужноамериканскиот фудбал не сакаат да ризикуваат ништо, особено што и Бока официјално побара нов термин за натпреварот поради повредите на дел од фудбалерите по вчерашните немири.

Последните информации низ медиумите велат дека финалето би можело да се одигра на 7 или 8 декември на „Ел Монументал“, но пред празни трибини. Втората информација вели дека КОНМЕБОЛ сака да го однесе финалето во Абу Даби и со тоа да ги казни фановите на двете екипи поради инцидентите.

Конечната одлука ќе биде донесена во вторник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This