Финансиска полиција упадна во општината Тетово, Касами вели дека власта му врши притиcok

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово Финансиската полиција изврши увид во општина Тетово, односно во секторот правни и финансиски прашања. Првиот човек на Тетово Билал Касами рече дека се работи за контрола на предметите од пред 8 години. Според Касами, денешната контрола на Финансиската полиција е политички притисок врз него за да се попречи редовното работење.

– Денеска ја имам во непоканета посета Финансиската полиција за случаи кои се пред 8 години. Не го виделе за сходно да ја проверуваат работата на градоначалничката во два мандата, но дошле по прелиминарни случаи. Оценувам дека е политички притисок да се кочи мојата работа како градоначалник. Дојдоа во секторите за правни и финансиски прашања. Денеска дојдоа, денеска беше првата средба, дојдоа со наводни прелиминарни предмети од градоначалникот Сади Беџети, вели Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Од Финансиската полиција не прецизираа за кој период станува збор, но велат дека акцијата е во согласност со барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

– Финансиската полиција веќе неколку месеци прибира податоци и информации и постапува по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Управата во својата редовна работа пристапува неселективно, без разлика, врз основа на сите законски надлежности и насоки добиени од Обвинителството. Додека случајот е во предистражна постапка, во овој момент не можеме да споделиме порелевантни информации и бараме случајот да не се злоупотребува и користи за политички цели, велаат од Финансиска полиција

Контролата на Финансиската полиција доаѓа две недели откако Билал Касами дојде на чело на општина Тетово, 8 години по владеењето на Теута Арифи од редовите на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This