ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР: Финансиската полиција чешла проблематичен тендер од 1.6 милиони евра потпишан од Жерновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управата за финансиска полиција ја чешла документација на Општина Центар. Покрената е предистражна постапка за случајот во кој „Пелагонија АД Гостивар“ доби 1,6 милиони евра пари од општинската каса за проект кој беше укинат од градоначалникот Андреј Жерновски кога дојде на чело на општината,објави Алсат М.

Истрагата била на барање на Општина Центар. Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во интервју изјави дека имаат отворено постапки и за актуелни функционери.

-Имаме случај каде што се инволвирани и одредени функционери од сегашната власт. Верувам дека во идно време и тие ќе бидат завршени со резултати со кои ќе бидат поднесени соодветни пријави до јавното обвинителство – изјави Арафат Муареми, директор на управата за финансиска полиција.

Станува збор за катната гаража која требаше да никне спроти зградата на Нова Македонија. Општина Центар еднострано го раскинала договорот иако градежната компанија веќе ја имала добиено работата. Од Општина Центар не одговорија на нашите пораки, додека Жерновски за Алсат-М изјави дека е запознаен со истрагата на финансиската полиција, но тврди дека нема ништо незаконски во целата постапка.

Договорот не го раскина Општина Центар, туку самото градежно претпријатие “Пелагонија АД Гостивар” и тоа со судска пресуда. Надвор е од било каков разум е да се прифати тезата дека тие имаат изгубена добивка во висина на цената за која требала да ја изградат барокната катна гаража. Според пресудата, произлегува дека “Пелагонија” би ја изградила гаражата со 0 денари трошоци. Спорот се’ уште не е конечно решен и верувам дека Врховниот суд ќе ги корегира нелогичностите на пониските судови – рече Андреј Жерновски.

Градежната компанија, свој став најавија утре.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This