ФИНСКА СТАНУВА УТОПИЈА: Секој невработен ќе добива „безусловна“ плата од државата, без разлика дали бара работа или не!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финска е првата земја која ќе се впушти во експеримент на безусловен приход за граѓаните. Станува збор за концепт за кој долго се расправа. Некои го гледаат како мотивација за невработеност, други како иднина на капитализмот.

finnish-fans

Од почетокот на годината одбрана група на 2.000 невработени во Финска ќе примаат по 560 евра, а за таа плата не се врзани никакви услови – не мораат да работат, не мораат да бараат работа ако тоа не го сакаат. Со тоа Финска е првата земја на светот која навистина се впушта во експеримент за кој во многу земји се размислува. Целта е во оваа прва фаза да се види како безулсловната плата делува на однесувањето на граѓаните, пишува „Дојче Веле“.
Парите ќе ги дели финансиската служба за социјална помош таму позната како Кела. Треба да се додаде дека тој износ за живот во Финска воопшто ништо не значи, и нкој не може да си дозволи лагоден живот. Просечната плата во Финска е некаде околу 3.400 ера, а тоа значи дека трошоците за живот се застрашувачки високи.
Но тоа не е смислата на таквиот темелен приход, објаснува Марјука Турунен која е на чело на правното одделение на Келе.
– Мислиме дека ова би можело да биде одличен поттик луѓето да прифатат барем мали работи на одредено време – вели таа.
finska

Досега и невработените нерадо прифаќаа такви работи, на одредено време, плашејќи се дека доколку се појави вистинско работно место ќе бидат поместени на дното на листата за вработување, а постои и проблемот со данокот. Бидејќи ако тој приход се зброи со помошта која ја примаат, понекогаш излегува дека во џепот им остануваат помалку пари отколку воопшто да не работат.
Во овој концепт тоа е сосема поразлично. На базичниот безусловен прход не се плаќа данок, дури и ако најдат работа и заработат нешто над тоа.
-Тоа ќе им даде финансиска сигурност. Можат да бидат сигурни дека овие пари ќе им стигна на време. Што ќе прават со нив, тоа е нивна работа – објаснува правничката на социјалната служба.
Учесниците на експериментот ќе бидат избрани по систем на лотарија меѓу лица од 25 до 58 години старост кои во Финска уште во ноември 2016 година примале помош за невработени. Избраните лица нема да можат да ја одбијат помошта.
Предвидено е експериментот да тра две години, и во Финска се надеваат дека ќе се прошири на повеќе граѓани.

finska2

Во сите расправии за базичниот безусловен приход се слушаат критики дека на овој начин луѓето ќе бидат помалку мотивирани да бараат работа. Но фактот дека работната средина во денешното општество битно се променила во изгледот и структурата. Индустриите се помалку бараат едноставна работна сила, а се повеќе им требаат експерти кои ќе управуваат со компјутерите. Затоа заговорниците на безусловниот приход тврдат дека во еден момент ќе стане неопходен бидејќи едноставно нема да има доволно работни места за целото работоспособно население.

kanada

Ваков модел се заговара и во Канада. Имено Канадски сенатор предлага програма која ќе трае три години. Избраните лица ќе добиваат по 1320 долари месечно (околу 930 евра), а се предвидува со истите да бида опфатени и лица со инвалидитет. Тие ќе примаат 1.820 канадски долари (околу 1.280 евра).

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This