ФИЈАСКО НА СРПСКИ „КУРИР“: Весникот кој одработуваше нарачки за Заев во Србија, се посрамоти пред цела Балканска јавност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот дневен весник „Kурир“, чиј сопственик – медиумската куќа „Адрија медија груп“ неодамна го купи и македонскиот весник близок до СДСМ – „Слободен печат“, вчера објави насловна сторија тврдејќи дека поранешен српски министер за образование е бездомник на улица, информација што подоцна се покажа како целосно неточна, пишува Дневник

dnevnik-eksminister-srbija

Имено, ударниот текст со фотографија од поранешниот министер Слободан Вуксановиќ во владата на Воислав Kоштуница беше објавен со наслов „Шокантно! Бивш министер бездомник: лекарите го тргнале од улица да не се смрзне“ и во него „Kурир“, повикувајќи се на свои извори, тврди дека по разводот и губењето на работното место како професор, Вуксановиќ бил оставен на улица, а подоцна најден смрзнат и гладен на клупа во паркот.

Но, скандалозната вест се претвори во бламажа за српски „Kурир“ кога новинари од конкурентскиот „Блиц“ едноставно отишле на приватниот Факултет за применет менаџмент, економија и финансии каде што се увериле лично од ексминистерот дека тој си ја извршува професорската работа и живее сосема нормален живот, па дури присуствувале и на негово предавање.

Вуксановиќ на новинарите од „Блиц“ им објаснил и дека живее во сопствен стан во Врачар и бил изненаден воопшто од поривот на медиумот да објави вакви измислици.

– Изненаден сум оти ова ми личи на бизарно филмско сценарио, особено затоа што секој ден одам на работа пеш – изјавил Вуксановиќ.

Сепак, судејќи според своето политичко искуство уште од 1989 година, изјавил оти не го чуди оти во време на предизборие секогаш се лансираат разноразни приказни.

Во политиката не сум веќе 10 години, но можеби е ова некој вид навестување на некоја кариера, иако професорската не би ја оставил – порачал Вуксановиќ.

И од управата на Факултетот потврдиле дека професорот, инаку доктор на науки, е во редовен работен однос, а трагедијата да биде уште поголема, „Kурир“ во вистината можел да се увери со само еден клик на официјалната веб-страница на Факултетот каде што јасно стои дека Вуксановиќ бил избран за доцент на факултетот во 2014 година.

Фијаското на српски „Kурир“ очигледно со задоволство го дочека и белградскиот весник „Информер“, кој веднаш објави текст со наслов: „Страшна бламажа на ’Kурир’! Ексминистерот го прогласија за бездомник, а тој е професор на факултет!“

Здружена македонско-српска медиумска банда

Овој отпадок од весник на македонската јавност ~ стана познат по скандалозно лажните и измислени вести за Никола Груевски што ги пласира на својата интернет-верзија, а потоа обично ги преземаа медиумските подружници на Сорос во Македонија, како „Плус инфо“ и сличните, кои ги пласираа како вистина. Така, на пример, веднаш по изборите на 11 декември беше објавено: „Груевски во паника – функционери на партијата бегаат кај Заев“. „Kурир“ за оваа наводна вест, која потоа беше пласирана од пропагандните билтени на СДСМ, се повикува на добро информирани извори, а можете да замислите кои биле тие.

Ако одиме назад, ќе дојдеме и до 29 август 2016 година кога по истата шема (порачка од Скопје, па „Kурир“ објавува, па повратно преземаат медиумите на Сорос и СДСМ кај нас) српскиот медиуми објави: „Незапаметен скандал: Груевски ја продава Македонија за да остане на власт“ со наводни информации дека Груевски ја договорил продажбата на името на Македонија со Грција за да се задржи на власт.

Инаку, неодамна сопственикот на „Kурир“ стана газда и на „Слободен печат“, иако дотогашните сопственици за „Дневник“ демантираа дека воопшто се преговара за продавање на весникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This