ФОКСВАГЕН KPEHA РАЦЕ ОД МАКЕДОНИЈА: Германскиот гигант наместо во Македонија ќе инвестира во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И официјално ништо од инвестицијат на Фолксваген во Македонија, Имено денеска српска делегација на чело со претседателот Александар Вучиќ во Германија ги започна преговорите со компанијата Фолксваген за инвестиција на овој автомобилски гигaнт во соседна Србија.

Зоран Заев во изминативе неколку две години откако седна во премиерската фотелја повеќе пати досега најавуваше дека откако ќе го смениме името во Македонија ќе инвестираат најголемите светски компании како што се Фејсбук и Гугл, а не ја пpoпyшти шансата деа се пофали дека германската канцеларка Ангела Меркел му ветила дека по имплементацијата на Договорот од Преспа Фолксваген ќе биде токму Македонија

Српски Курир пренесува претседателот Александар Вучиќ со српската делегација, денеска го посетил музејот на оваа компанија во Волфсбург, каде што престојуваат во еднодневна посета на фабриката. Српкиот медиум известува дека денеска се започнати преговорите помеѓу Србија и Германија, за изградба на автомобилскиот гигант Фолксваген.

Од Фолксваген изјавија дека до 2022 во Источна Европа ќе изгради фабрика која ќе се простира на 400.000 квадратни метри каде ќе произведуваат автомобили од марката Фолксваген., а ќе се вработат помеѓу 4.000 до 5.000 работници. Инаку оваа година трговската размена со Германија и Србија, ќе премине и над 5 милијарди евра.

Новата фабрика од групацијата Фолксваген би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно и да произведува 5 модели од Фолксваген, Шкода и Сеат, односно марки на возила кои се составни дел од германската фирма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This