Фондацијата на Сорос од Будимпешта ќе се пресели во Берлин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер Џорџ Сорос ќе ја затвори канцеларијата во Будимпешта и ќе ги пренесе своите операции во Берлин, објавија унгарските медиуми, кои се повикуваат на информација од австриски извори.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини Сорос, кој е роден во Унгарија, за многу зла и се залага за законот „Стоп, Сорос“, со кој треба да се забрани работата на некои невладини организации.

Унгарските медиуми пренесуваат дека канцеларијата на Фондацијата „Отворено општество“ ќе биде затворена на 31 август и ќе се пресели најпрвин во Виена, а потоа во Берлин.

Новинарите досега не успеале да стапат во контакт со канцелариите на Фондацијата во Будимпешта или во Њујорк.

Јанош Халас, портпаролот на партијата Фидес, која убедливо победи на неодамнешните парламентарни избори во Унгарија, најави дека еден од првите закони што би можел да биде усвоен е оној што на владата ќе ѝ овозможи да забрани невладини организации што поддржуваат миграција и претставуваат ризик за националната безбедност.

Орбан во февруари го достави ваквиот предлог-закон во парламентот. Законот исто така ќе овозможи донациите на невладините организации, кои го поддржуваат доаѓањето мигранти во Унгарија, да бидат оданочени со 25 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This