April 26, 2024, 12:17 pm

ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ФИНАНСИРА РЕФЕРЕНДУМСКИ ФАЛСИФИКАТ?: Неколку газди на печатници повикани на разговор во влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов скандал на повидок, газдата на печатницата Полијестердеј, повикан во влада на разговор во очи на референдумот за промена на името кој треба да се одржи на 30 септември.

Имено Филип Спасовски сосптевник на печатницата на социјалните мрежи се пожали дека неколку саати чекал во владата, откако ненадејно бил повикан на состанок. Покрај Спасовски во владата биле повикани и други сопственици на печатници кои на повикот на Фондот за иновации добиваа гранотови. Сега во јавноста одекнува прашањето дали можеби Спасовски и неговата фирма добиле задача од Владата да ,,помогнат’’ во спроведување на успешен референдум.

Интересно е што освен Полијестердеј во Владата биле повикани и печатници кои добија пари од Фондот за иновации, грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации добила печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ. Легитимно е и прашањето дали пратеникот Хари Локвенец исто така се нашол помеѓу повиканите газди на печатници во Владата.

Стравот е огромен дека на Македонија за референдумот и се припрема изборен фалсификат од епски размери, кој може да наликува на локалните избори, во чија кампања имаше тепање, убиства, ливчиња од едно гласачко место најдени на друго и други изборни манипулации. Интересно е што токму на изборите на кои имаше преку 700 ливчиња кои беа наменети за еден град, а пронајдени во гласачка кутија во друг град, за прв пат се промени печатницата која ги печатеше гласачките ливчиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This