Фон дер Лајен ги „пoпapилa“: За Османи пopaкaтa oд Бpиceл нe e дoбpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи утрово на аеродром ја испрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која продолжува на средби во Србија. Пред нејзината посета на Скопје и средбите со државниот врв, агенцијата Ројтерс повикувајќи се на извори и документ до Брисел, објави дека поради страв од можни реакции во земјите членки, Брисел повеќе не може да гарантира дека шесте балкански земји, меѓу кои и Македонија, воопшто ќе бидат примени во ЕУ.

Министерот Османи во гостувањето на Утрински брифинг, појаснува за овој извештај:

-Во подготовските на телата на ЕУ за заедничката декларација која треба да се усвои на Самитот во Брдо се појави дилемата дали овој самит е воопшто за проширување и дали зборот „проширување“ треба да стои во тој документ. Некои го интерпретираат како продолжување на евроскептицизмот на одредени држави, што не е ништо ново, други го интерперетираат повеќе во дефинирање на конкретниот самит, дали е самит на проширување или е самит во кој само се покажува фокусот на ЕУ кон Западниот Балкан. Која варијанта и да е, пораката не е добра, во смисла на унисоноста на ЕУ во односот на Западен Балкан, но не е ништо ново. Има земји членки кои сметаат дека ЕУ претешко функционира за да може уште 6 нови земји членки да дојдат да се зачленуваат, да се закануваат со нивните права на вета, со нивните комесари, објаснува министерот Османи.

Според него останува пораката дека Западен Балкан еден ден да биде дел од ЕУ и тоа е многу важно.

-Ние тоа го потценуваме зошто од 2003 до денеска, но замислете ЕУ да каже нема понуда за членство на Западен Балкан. Се додека доаѓа фон дер Лајен во Скопје и вели дека недвосмислена е поддршката ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме, докажеме и да ги убедиме дека ние заслужуваме да бидеме таму, бидејќи тоа не ни следува по дифолт, рече Османи.

Османи вели дека е добро што на Самиот во Брдо на иста маса ќе седнат челниците на ЕУ и Западен Балкан и повторно ќе се разгледуваа перспективите за регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This