April 26, 2024, 10:22 pm

Фон Дер Лајен: ЕУ и САД треба да се обединат пpотив Русија и Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Соединетите Американски Држави, со промената на администрацијата во Вашингтон, се вратиле на глобалната сцена и ги повика на „природно партнерство“ и „глобално лидерство“ со ЕУ.

– Заедничката работа на новата глобална агенда, со повеќе глобално ориентирани САД и поспособна ЕУ, е начин да одговориме на предизвиците и Европа е подготвена на тоа, рече Фон дер Лајен.

Говорејќи за новите трансатлантски односи на Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ), Фон дер Лајен истакна дека ЕУ и САД можат заеднички да ја водат глобалната борба против климатските промени, но исто така да работат и на дигитализација и воспоставување правила во дигиталната економија, кои ќе бидат почитувани низ целиот свет, а засновани на почитување на човековите права и заштита на приватноста.

Претседателката на ЕК оцени дека новото трансатлантско партнерство е особено важно во време кога Кина е економски посилна, а Русија, како што тврди, „се повеќе ги крши човековите права, како во нејзината земја, така и на меѓународната сцена“.

– На ЕУ и на САД е да ја зајакнат соработката како докажани партнери и сојузници. Ако ние го водиме патот, тоа ќе биде сигнал за остатокот од светот, заклучи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека „партнерството САД-ЕУ е добро, не само за трансатлантските односи, туку и за иднината на децата од двете страни на Атлантикот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This