ФОРМИРАНА ГРУПА ЗА БОРБА ПРОТИВ МЕШАЊЕТО ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА ВЕНЕЦУЕЛА: Група од земји-членки на ОН се обединуваат во одбрана на меѓународните принципи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса, соопшти дека е формирана група за борба против мешање во внатрешните работи на суверените земји.

„Ова е група  од земји-членки на ОН кои се загрижени за почитување на принципите на меѓународната заедница. Имаме заеднички интереси и ги штитиме истите принципи. Сметаме дека тие принципи се нарушуваат со што се загрозува правото на мир и суверенитет на нашите народи, правото на развој и основните човекови права како правото на живот.“, изјави Ареаса на прес конференцијата.

Во групата има околу 50 земји членки на ОН. Во периодот што следи се очекува да преземат низа мерки за зголемување на свеста за опасностите со кои се соочува пред се народот на Венецуела.

Министерот ги повика и останатите земји-членки на ОН да се приклучат кон групата и да работат заедно во функција на меѓународното право и неговата примена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This