ФОРМИРАНА НОВА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА: „Глас за Македонија“ на Солза Грчева од денес е новиот политички субјект во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната пратеничка од СДСМ и сопартијка на Заев – Солза Грчева формираше нова партија „Глас за Македонија“ која ќе дејствува опозициски.

Како што вели лидерката, партијата ќе се обиде да воведе нова култура и однесување на политичката сцена.

Формирањето на партијата Грчева го најави уште кон средината на минатата година кога преку социјалните мрежи ги повика сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон иницијативата, и да го дадат својот потпис за основање на партијата.

Вчера, во хотелот „Александар Палас“ се одржа основачкото Собрание на кое и официјално беше формирана партијата.

Грчева важи за силен критичар на актуелната власт под водство на нејзината претходна матична партија.

„Првите денови се разбира ќе се бориме со нашите најжестоки проблеми, а тоа е да си го зачуваме Уставното име. Ќе бидеме вклучени на секаков можен начин. Јас и како дел од интелектуалците бев вклучена, но и Глас за Македонија секако ќе се вклучи“ – вели Грчева.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This