April 25, 2024, 10:57 am

ФОРУМ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА СО ИНИЦИЈАТИВА: Ајде да и подариме на нашата татковина нешто што постојано ќе расте и ќе носи позитивни ефекти – нова зелена оаза во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ајде да и подариме на нашата татковина нешто што постојано ќе расте и ќе носи позитивни ефекти – нова зелена оаза во Скопје.

Да го заживееме запустениот простор околу студентскиот дом “Гоце Делчев”, во кој генерации млади луѓе живееле и студирале, за потоа во многу случаи да заминат на некое далечно место – како и ние – но кои што сакаат да и помогнат на татковината.

Првата фаза на “Паркот на дијаспората” ја планираме за оваа година. Со секоја наредна, сакаме да го прошируваме и надградуваме – за да покажеме дека секој позитивен чекор, колку и да изгледа скромно, може да значи битно подобрување.

За успешна реализација, соработуваме со стручни лица кои што ќе помогнат во дизајнот на одржлива зелена површина. Меѓу нив е и Деканот на Шумарскиот факултет, кој заедно со свои студенти е спремен да се ангажира во сите фази на проектот. Градската управа веќе ни даде прелиминарна дозвола за овој парк.

Она што ни преостанува е да собереме средства до почетокот на пролетната сезона за садење.

Како секоја гранка на едно дрво, како и секое дрво во еден парк, секој прилог во оваа акција ќе биде дел од нешто поголемо – нов зелен простор за студентите од домот “Гоце Делчев,” но и за сите граѓани. Овој наш подарок нема само да го разубави, туку и суштински ќе го подобри урбаниот простор – со секое ново дрво што ќе го прочистува воздухот.

Затоа ве повикуваме да дадете свој придонес … 10 – 20 – 30 – 40 – 50… онолку колку можете во моментов, и да поттикнете свои пријатели на други места по светов да го сторат истото.

Исто така ги повикуваме и другите иселенички организации да го поддржат овој проект.

Животната средина ни припаѓа на сите, и сите имаме одговорност да ја сочуваме и подобруваме, за нас и за идните генерации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This