(ФОТО):БРАЧНАТА ДВОЈКА САЊА НИКОЛИЌ И СЛАТКАР СЕ ПОКАЖАА ДАРЕЖЛИВИ:Ги изненадија соседите со подароци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во периодот пред Новата година сите знаеме да израдуваме некого со подарок, макар и само со честитка посакана од срце.

Брачната двојка Сања Николиќ и Марко Слаткар, покажаа дека знаат да бидат дарежливи и за оние што им се во блиско опкружување – соседите.

Имено, Сања и Слаткар помислиле и како да ги израдуваат соседите, па веројатно за нивните дечиња оставиле новогодишни пакетчиња пред нивните скали.

Фотографијата од подароците се најде на Инстаграм профилот на Слаткар, а ја споделиле веројатно благодарните и изненадени соседи.

Познатата брачна двојка покажа дека големината на подарокот не е важена, туку гестот кој се прави.

Нека ви бидат за пример, па изненадете и разубавете им ги празниците и денот на оние кои најмалку очекуваат.
Извор:вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This