(Фото+Видео)ВИСТИНСКА КАТАСТРОФА НА ШАРА: Планината соголена, преку 3 милиони евра вреди дрвја исечени од дрвокрадци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планинарот Бошко Видоески од Планинарското друштво Јелак од Тетово преку социјалните мрежи објави дека се врши бесправна сеча на шума на Шар Планина која зема сѐ поголем замав поради милионскиот бизнис кој го прават дрвокрадците со амин на надлежните. Низ фотографиите ќе може да видите како се соголува Шара во изминатите години.

„Ова е Шар Планина. Дел од шумата на Шар Планина. Распукана, расплакана. Уништена и понижена. Од дрвокрадци. Од криминалци. Од незаконски, бескрупулозен, суров профит. Од нефункционален државен апарат кој години наназад не го спречува лудилото со бесправната сеча, која тука, во овој регион од сликите подолу, зема преголем, преголем замав.


Фотографиите се направени вчера во атарот на с. Варвара кога како планинарски клуб решивме да ја одржиме нашата традиционална планинарска акција кон т.н. Ѓинов Камен, иако знаејќи дека токму поради дивата сеча оваа акција низ годините губи од атрактивноста. А дивата сеча добива на размер. Прв пат со ужасната глетка се сретнавме во 2013, кога преку телевизиите апелиравме за сечата. Пошироката критичка јавност остана речиси незаинтересирана, а надлежните останаа глуви.

Оттогаш па наваму, сме апелирале преку социјалните медиуми. И повторно јавноста овде не успеваше да формира доволно силен притисок, скоро и да го занемаруваше овој сериозен проблем, и тоа во ситуација кога сме сведоци дека знае(ла) да крене голема врева околу далеку поневажни проблеми.

А сечата во овој дел од Шара напредуваше и напредуваше, и еве, како што може да се чуе од видеата, сѐ уште напредува. Години наназад непрестајно. Овој пат како планинарска фела сме доведени до работ. Редно е за овој апел околу оваа сеча, овде, да наидеме на широка поддршка од планинари, ентузијасти, вљубеници во природата, на поддршка од луѓе кои не можат да молчат при неправди. Бидејќи ова што ѝ се случува на Шар Планина е неправедно спрема неа. Неправедно е и спрема сите нас, бидејќи некој го краде нашето заедничко јавно добро, прави личен профит, а притоа нанесува непоправлива штета на природата.

Ајде апелов да допре до што е можно повеќе луѓе. Белким некој таму горе, ќе нѐ чуе, ќе се запраша дали прави нешто околу ова, што прави, и дали штити некого. Сведоци сме дека притисокот на јавноста на социјалните мрежи и новинарите, знаеше да биде и од ефективна корист, во ситуациите кога властите ретерираа околу некоја своја дискутабилна одлука, или преземаа активности за да решат некој проблем. Шар Планина заслужува еден таков обид на јавноста за притисок кон надлежните. Иако овој пат ќе се обидеме и институционално да дејствуваме. Колку и дали ќе бидеме сослушани, не знам. Наше е да се обидеме. Ѝ требаме на Шара.

Инаку, направив и споредба на сателитски снимки, (од првите достапни на Google Earth за овие подрачја, кои датираат од 2002, па сѐ до последните достапни, од 2017), преку кои од воздушна перспектива може да се забележи размерот на дивата сеча низ која поминувавме вчера. А бонус, ги споредив и снимките од дивите сечи во атарите на селата Сетоле и Брезно, и месноста Три Води.

Цела индустрија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This