(Фото+Видео)Официјални детали за kaтacтpoфалната cooбpaќajka на „Првомајска“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум повредени, двајца загинати и еден уапсен е билансот од вчерашната катастрофална сообраќајна незгода која се случи на булеварот „Борис Трајковски“ (поранешна „Првомајска“).

Во сообраќајката учествувале пет возила, а неофицијално причина за несреќата е прекумерна брзина и непочитување на сообраќајните правила.

Во официјалната верзија на МВР се уште официјално не се утврдени причините за сообраќајната незгода, иако на терен присутни биле екипи на увид на полиција и дежурен јавен обвинител.

– На 08.06.2021 околу 23:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Србија” и бул. „Борис Трајковски” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С. (28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И. (30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент” со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А. (25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (39) од Скопје.

Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат”, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.. По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје.

Видеото може да го погледнете ТУКА!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This