(Фото+Видео)ЦРВЕНО-ЖОЛТ БРАН НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Конвои на државноста денес низ цела Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска организираше автомобилско дефиле. Голем број автомобили накитени со македонски знамиња тргнаа од спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Карпош и од спортската сала „Јане Сандански“ во Аеродром и се упатија кон Собранието на Република Македонија, како крајна дестинација.

avtomobili-znaminja1-640x360

Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред Собранието на Република Македонија изјави дека веќе 41 ден се на улиците и најави оти следуваат многу важни три дена од следната недела.

mk-znamija-640x360
avtomobili-znaminja3
– Она што се обидоа да го направат во четвртокот, да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од тиранската платформа и веднаш потоа да преминат на избор на влада, ќе се обидат сосема сигурно во еден од овие три дена пред Велигден да го направат. Тоа не смееме да им го дозволиме и нема да го дозволиме. Ќе бидеме будни, ќе следиме се што се случува, ќе следиме многу внимателно и ќе реагираме во секунда, истакна Илиевски.

Тој апелираше да не се обидуваат да сторат такво нешто.
bogdan-ilievski-2-640x359

– Возевме денеска за да ги потсетиме граѓаните будно да внимаваат што ќе се случува. Следуваат многу важни три дена на почетокот на идната недела. Тиранската платформа беше презентирана на Божик намерно за да не предизвика големи реакции бидејќи за празник секој си има други приоритети. Истото ќе се обидат да го направат пред Велигден, а овој пат нема да помине без реакција, истакна Илиевски. Апелираше сите да се мобилизираат овие три дена и да бидат масовно пред Собранието.

Освен во Скопје дефилеа денеска се одржаа и во:

ОХРИД

ШТИП

КИЧЕВО

kicevo2-640x480

kicevo1-640x480

kicevo-4-640x480

КРИВА ПАЛАНКА

kp

БИТОЛА

bitola-zzm-640x360

bitola-zzm1-640x360

bitola-zzm2-640x360

ПРИЛЕП

ГЕВГЕЛИЈА

gevgelija-zzm1-640x480

gevgelija-zzm2-640x480

gevgelija-zzm3-640x853

gevgelija-zzm

РЕСЕН

resen-1-640x853

resen1-1-640x479

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This