April 17, 2024, 12:01 am

(Фото+Видео) Гoлeмa пoлициcкa akциja нa Kaнapcкитe ocтpoви: Уaпceни члeнoви нa „Шкaљapcкиoт клaн“ и „Пинк Пантер“, зaплeнeти околу 400 килограми kokaин, пари, шифpиpaни тeлeфoни…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанската полиција уапси неколку членови на „Шкаљарскиот клан“ под сомнение дека криумчареле наркотици.

Во акцијата на Канарските острови, меѓу осомничените се пронајдени 400 килограми кокаин, како и половина милион евра во готово, за кои постои сомневање дека се стекнати преку трговија со дрога, јавуваат локалните медиуми.

This image has an empty alt attribute; its file name is droga-skaljarski-klan-2.jpg

Уапсени се четири лица, а медиумите пренесуваат дека меѓу нив е и еден од водачите на бандата крадци на накит „Пинк Пантер“.

Видео може да погледнете ТУКА.

Полицијата соопшти дека членовите на кланот на Канарските Острови изнајмуваат вили во луксузни населби, од каде наводно им делеле дрога на локалните банди.

Запленети се и едно возило, јахта, 12 шифрирани телефони, неколку електронски уреди …

Објава може да погледнете ТУКА.

Се наведува дека Европол, аташеата од шпанската амбасада во Србија, како и црногорската и албанската полиција соработувале за време на истрагата што претходела на акцијата за апсење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This