March 28, 2024, 10:55 pm

(Фото+Видео) Дpaмaтичнa cocтojбaтa во Измир: Чeтвopицa зaгинaти, 120 пoвpeдeни, тpи лицa cпaceни пoд ypнaтинитe пo зeмjoтpecoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го погоди турскиот егејски регион денеска, според Националната агенција за катастрофи. Најмалку четири лица загинале, а 120 се повредени во земјотресот во Измир, јавуваат агенциите.

Според Агенцијата за справување со несреќи и итни состојби (АФАД) земјотресот удрил во 2.31 попладне по локално време, на длабочина до 16,54 километри.

Бугра Гокче, генерален секретар на Измирската област, изјави за каналот НТВ дека некои објекти во градот се уништени од потресот.

Истанбулскиот гувернер Али Јерликаја изјави дека земјотресот се почувствувал и во Истанбул, но нема информации за штети.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека шест згради во егејската провинција Измир се уништени во потресот.

Нема информации за жртви, вели министерот.

Другите турски западни провинции како Усак, Дензили, Маниса, Баликесир, Ајдин и Мугла претрпеле помали штети на некои објекти.

Турските екипи за спасување ја продолжуваат нивната работа на теренот, вели министерот.

Кон погодениот регион се упати и турскиот министер за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмалилоглу рече дека нема проблеми во смисла на транспорт и комуникации по земјотресот.

Според измирскиот градоначалник Тунк Сојер околу 20 згради се урнале во земјотресот.

Најкритично е во регионите Бајракли и Борнова, вели тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе ги заштити „граѓаните погодени од земјотресот“.

„Презедовме акции за да се почне со неопходната работа во регионот со сите релевантни институции и министри“, рече Ердоган.

Три лица, заробени под урнатините, се спасени во областа Бајракли во Измир.

Според Националната опсерваторија во Атина магнитудата на потресот била 6,6 степени и потоа е коригирана на 6,7 степени. Земјотресот го погоди и грчкиот остров Самос во Егејското море, соопшти Опсерваторијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This