March 29, 2024, 12:27 am

(Фото+Видео) Кичеец наместо во затвop фотографиран на плaжa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Милевски Кичеец осуден на три години затвор за случајот „Рекет“ неодамна почна да ја отслужува својата три годишна затворска казна.

За да ја отслужува казната во затворот во Струга тој го промени своето живеалиште со оглед на фактот што овој затвор е од полуотворен тип.

Покрај олеснителните околности во оваа казнено поправна установа, Кичеец го користи и правото на викенд па така изминатиов викенд бил забележан во Охрид на плажа.

Почитувани,

Македонија е држава со којашто владее режим на мафијата, и во којашто има политички затвореници, осудени со драконски казни врз основа на некредибилни, крајно сомнителни и однапред договорени сведоци кои што менуваат изјави во замена за помали казни.

Во Македонија милениците на режимот на мафијата, оние кои што го поддржувале и учествувале во криминалот на мафијата, а се фатени и со аудио-видео снимки познати на јавноста, се осудуваат минимално, и иако осудени или се дома или се уште се шетаат низ улиците.

Во прилог интегрален текст од прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во врска со фотографијата на Кичеец.

Почитувани,

Зоран Милески, Кичеец или Кичевскиот, човекот осуден на затворска казна, човекот снимен како ги носи парите од рекет, човекот снимен којшто ја носи полна со пари онаа Луј Витон торба, пари што според исто така осудениот Боки 13 завршиле кај Зоран и Вице Заеви, наместо во затвор, седи и се гоштева по летните тераси на меаните!

Ова е скандалозно, но и очекувано. Режимот на мафијата, преку правосудниот систем во пупка, наместо на отслужување на затворска казна, Кичеец го смести во Струга, во затвор од отворен тип, од каде што затворениците излегуваат надвор! За да заврши во Струга, наместо во Идризово или во Штип, тој ја менува адресата на живеење непосредно пред крајот на судскиот процес, што иницира, што посочува, индицира само на една работа, а тоа е дека можеби му било ветено дека ќе заврши токму в отворениот затвор во Струга.

Почитувани,

Милески, Кичеец, Кичевскиот, е десна рака на режимот на мафијата, човекот кој што е организатор на „Рекет” заедно со Катица Јанева, пуленката на Заев, и Боки 13, , Кичевскиот е врзан во бизнисот меѓу Дака и режимот на мафијата, за што и Заев потврди дека влијаел на одлуките на тетовскиот Совет за „ШИК Јелак”, Милески Кичеец, Кичевскиот е човек кој што одработувал за режимот на мафијата, и сега иако цел свет го виде како излегува и заминува со полната Луј Витон торба, полна со рекет, наместо в затвор, ужива на летните тераси?

И не е само тој, за жал, сите фатени, а поврзани со криминалот на режимот се милувани од системот, или се на слобода, или бегаат, или врвот на мафијата јавно ги брани.

Наспроти ова, во затвор, во најлоши услови, со огромни казни, лежат луѓе за кои што цела држава бара повторно судење, заради искази на некредибилен сведок, за што веќе се јавно објавени и неговите лични тајни сведоштва дека се осудени невини луѓе за делото за кое што се пресудени овие драконски казни.

Почитувани,

Луѓе заради нарачано лажно сведочење гнијат во затвор, оној што рекетира, осуден на минимални казни, седи во кафеани на тераси и ужива во слободата.

Фотографијата зад мене е доказ дека режимот на мафијата го има правосудството в пупка, дека за нејзините миленици не постои право и правда, дека судските процеси се фарса и е доказ за владеење на режимот на криминал, корупција и нарачана неправда! Режимот на мафијата, со правосудството во пупка, мора и ќе сноси одговорност за овие неправди!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This