(ФОТО+ВИДЕО) НА САЕМОТ ВО БРИСЕЛ: Манекенки облечени во фустани од чоколадо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моделите облечени во чоколадни фустани се појавија денес на пистата во Брисел на модната ревија на која се собраа модни дизајнери и креатори на чоколади.

Една од 14-те креации на годинешниот Саем на чоколади беше шарен комбинезон со ливчиња чоколадо што се испакнати од ткаенината, пренесе Ројтерс.

„Тоа е мешавина од висока мода и белгиско чоколадо“, рече дизајнерката на моделите „Сикстин“, Ана де Молина, додавајќи дека поминала пет месеци работејќи на дизајнот кој вклучува илјадници парчиња чоколадо.

„Понекогаш е тeшкo да се каже кој дел од фустанот е всушност чоколадо, а кој дел е обоен“, рече таа.

Вториот фустан украсен со чоколади, кој, беше инспириран од карневалските маски, додека третиот имаше кафеави, беж и црвени ленти.

Со модната ревија беше отврен тридневниот саем за чоколади со работилници, дегустации и дискусии, за кои организаторот Жерар Паласоа проценува дека ќе привлече околу 25.000 посетители и учесници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This