(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВА: Неколку села во Македонски Брод се отсечени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невреме и поплава има во околината на Македонски Брод каде неколку села се отсечени од синоќа.

Жителите раскажуваат дека по 22.15 часот силно невреме го зафатило овој регион, при што реките Ковачка и Бенческа се излеале од своите корита. Зафатени се повеќе објекти, поплавени се куќи, продавница, мотел, дел од фабрика, црквата Свети Илија. Во текот на ноќта мештаните останеле без напојување со електрична енергија, по што утрово состојбата е стабилизирана, а жителите немаат ниту вода за пиење.

„Утрово ни пуштија скипер од општината. Реката донесе големи камења кои мора да се отстранат. Луѓето се отсечени и мора да одат по заобиколен пат  од 2 км за да стигнат до главниот пат. Во Зркле има 10 жители, во Ковче 3 жители, во Стара Воденица се 50-тина. Десетина мовчиња се уништени. Ноќеска не посети и градоначалникот“ – вели Горан Ристески, жител на селото Самоков.

Жителите се надеваат дека што поскоро ќе се исчисти шутот и животот во селата ќе се врати во нормала.

На социјалните мрежи тие објавија фотографии и видеа од кои се гледа како изгледало невремето вчера.

Ноќеска обилни врнежи имаше посебно во западниот дел на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This