(Фото+Видео) Новиот концепт на Форд – електричниот Мустанг Мах-Е 1400

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Максимум од 1400 електрични коњски сили… Мисијата е успешна.

Форд го претстави новиот концепт Мустанг Мах-Е, потполно електрична асфалтна ракета која докажува колку сила може да се извади без една капка бензин.

Со 1400 коњски сили кој ги црпи од дури 7 електрични мотори, овој концепт е спремен за тркачките патеки.Развиен во соработка со РТР тјунерската компанија, концептот го користи телото од новиот Мустанг Мах-Е ГТ и комбинацијата од електричните мотори и шасијата нуди неверојатни преформанси .

,,Сега е совршено време да се искористи електричната технологија ,да се учи и да се усовршува во нашите возила” Изјави Рон Хејзер, главниот инжењер на оваа програма на Форд.

Форд Мустанг Мах-Е 1400 ќе биде тест возило за нови материјали во автомобилската индустрија,како хаубата која е развиена со нови органски композитни влакна, полесна алтернатива на јаглеродните влакна од кои е составено остаткокот од возилото.

Новиот концепт ќе дебитира на НАСКАР трките. Форд веќе има вложено околу 11.5 милијарди американски долари во електрични возила ширум светот. Првото електрично возило на Форд што ќе излезе по Американските улици ќе биде токму Мах-Е, кој се очекува да излезе на пазарот на крајот на 2020 година.

Тука можете да видите како познатиот рели возач Кен Блок е воодушевен од електричниот Мустанг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This