April 20, 2024, 10:31 am

(ФОТО+ВИДЕО) ПРВИОТ ГЕРМАНСКИ АВТОМОБИЛ КОНСТРУИРАН СО 3Д ПЕЧАТАЧ: Ефикасен, дигитален и автономен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот германски автомобил направен со 3Д печатач се вика „Локи“ (LOCI) и има едно седиште и отворена каросерија.

Верувале или не, овој автомобил сè уште нема мотор и во овој момент е повеќе скулптура отколку функционално возило, но се очекува за скоро време да биде оспособен за возење.

Ефикасен, дигитален, автономен – тоа е автомобилот на иднината, како што навела британската стартап фирма „BigRep“, а „Локи“ е првиот автомобил кој целосно е направен со 3Д печатач.

Во текот на годинава „Локи“ ќе добие и свој мотор па понатамошните негови тестирања ќе бидат возможни.

Истражувачите се согласни во оцената за овој автомобил кој е произведен со 3Д печатач и велат дека таквите автомобили мора да станат дел од секојдневното производство.

Само така индустријата во иднина ќе може да биде конкурентна, да ги исполнува желбите на купувачите, да ги исполни нормите за eмиcијaтa на штeтнитe гacoви и да ги штеди драгоцените ресурси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This